Top Sport

Ирвинг исклучен, Бруклин се „распаднаа“ против Лејкерс!

Андре Драмонд постигна 20 поени и имаше 11 скока, Денис Шредер додаде 19 поени, пред тој и Кајри Ирвинг да бидат исклучени во третата четвртина, за Лос Анџелес лејкерс да стигнат до убедлива 126:101 победа над Бруклин нетс.

Најавувана како пресметка на два тима кои се фаворити да се сретнат во НБА финалето, во мечот недостасуваа ѕвездите – Леброн Џејмс и Ентони Дејвис беа во аут за Лејкерси, додека Џејмс Харден исто така е повреден за Нетс.

Дуелот остана и без дополнителни ѕвезди кога Ирвинг и Шредер влегоа во конфликт и добија исклучување. Лејкерси водеа во поголемиот дел од мечот и имаа 66:62 предност преди склучувањето на Ирвинг, по што со серија 15:2 го решија мечот.

Кевин Дурент имаше 22 поени во вториот меч по пауза од 23 натпревари со повреда на бутниот мускул, но Нетс загубија првпат по девет меча на домашен терен.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Бруклин – ЛА Лејкерс 101:126

Портланд – Детроит 118:103

Феникс – Вашингтон 134:106

Голден Стејт – Хјустон 125:109

Јута – Сакраменто 128:112

Оклахома – Филаделфија 93:117

Кливленд – Торонто 115:135

Scroll to Top