Top Sport

Ирвинг не може сам, Дончиќ и Хардавеј го урнаа Бруклин

Далас Маверикс ја продлабочија кризата во Бруклин Нетс. Маверикс славеа против Бруклин со 113:109, ја забележаа осмата победа на последните десет натпревари, додека Бруклин немаат победа на последните четири натпревари.

Натпреварот го обележа Кајри Ирвинг, но ниту тој не можеше да го спречи поразот на Бруклин. Ирвинг постигна 45 поени, на кои придодаде пет скока и четири асистенции. Кевин Дурент натпреварот го заврши со 20 поени и девет скока.

На спротивната страна се истакнаа Лука Дончиќ и Тим Хардавеј јуниор. Словенецот забележа 24 поени, 10 скока и осум асистенции, Хардавеј постигна поен помалку, со шест скока и две асистенции.

Бруклин и покрај лошите резултати се уште се втори на Истокот. Нетс имаат скор од 43 победи и 24 порази, победа помалку има Милвоки на третото место. Далас се петти на Западот со 38 победи и 28 порази.

Scroll to Top