Top Sport

Ирвинг сакал да се откаже од НБА и да покрене своја лига

Кошаркарот на бруклин Нетс Кајри Ирвинг имал намера да покрене своја лига која би била независна од НБА лигата.

Ирвинг кој во февруари ја заврши сезоната поради повреда, во последно време е присутен во медиумите на теми кои немаат врска со кошарката.

НБА лигата е суспендирана, а според најавите ќе продолжи на 31 јули во Орландо, во „Дизни Ворлд“. Ирвинг е еден од оние играчи кои не сакаат сезоната да продолжи.

Ирвинг неодамна се огласи со ставот дека поради расизмот и протестите кои веќе две недели се одвиваат низа САД, лигата не би требало да продолжи.

„Против сум одлуката да се оди во Орландо. Тука нешто опасно смрди. Јас сум против системскиот расизам и останатите глупости, подготвен сум да се откажам од се што имам во интерес на општествените реформи“, рекол Ирвинг.

Тој дополнил дека ова негово мислење го делат уште 80 други кошаркари. На он-лајн состанокот тој на кошаркарите од НБА им претставил една своја идеја.

Се шпекулира дека тој им предложил тие да покренат своја лига. Нема информации дали тоа значи дека кошаркарите би го прескокнале натпреварувањето што го подготвува НБА во Орландо.

Од друга страна новинарката Тејлор Рукс тврди дека Ирвинг никогаш не изјавил дека сака да покрене своја лига.

На оваа тема малку познатиот соиграч на Ирвинг од Бруклин Нетс Тио Пинсон рекол дека тоа се лажни вести.

Scroll to Top