Top Sport

Историска победа на Денвер, Лејкерси славеа во градското дерби

Денвер Нагетс и Лос Анџелес Лејкерс ја обележаа изминатата ноќ во НБА лигата. Нагетс забележаа клупски рекорд, со најмногу постигнати поени на еден тим оваа сезона, а Лејкерси славеа во градското дерби против Клиперс.

Кошаркарите на Денвер остварија убедлива победа во Портланд со 157:103 и со тоа поставија франшизен рекорд по број на поени на гостински терен, воедно ова е и најефикасниот настап на еден тим во НБА оваа сезона.

Никола Јокиќ се истакна со 32 поени, девет скока и седум асистенции за само 29 и пол минути на теренот.

Џамал Мареј исто така даде значаен придонес со 25 поени, Џулијан Стротер и Тим Хардавеј Џуниор додадоа по 19 поени.

Лејкерси извојуваа тесна победа во градското дерб против Клиперси, конечниот резултат во „Крипто Арена“ беше 125:122. Секако, најголемата заслуга му припаѓа на Лука Дончиќ, кој за 38 минути на паркетот постигна ист број поени, со шест скока и 11 асистенции.

Остин Ривс исто така имаше извонреден учинок со 29 поени, додека 41-годишниот Леброн Џејмс имаше дабл-дабл со 13 поени и 11 асистенции.

Клиперси ги предводеа Кавај Ленард со 31 поен за исто толку минути, четири скока и пет асистенции.

Центарот Брук Лопез имаше дабл-дабл со 16 поени и 10 скока, додека Бенедикт Матурин имаше сериозен офанзивен придонес со 26 поени.

Резултати:

Шарлот – Кливленд 113:118
/Кнапел 33 – Мичел 32/

Вашингтон – Индијана 131:118
/Вилијамс 25 – Хаф 22/

Мемфис – Јута 123:114
/Проспер 23 – Колие 24/

Атланта – Мајами 97:128
/Оконгву 22 – Хиро 24/

Минесота – Далас 122:111
/Едвардс 40 – Мидлтон 18/

Њу Орлеанс – Милвоки 118:139
/Вилијамсон 32 – Томас 27/

Оклахома – Бруклин 105:86
/Мекејн 21 – Портер 22/

ЛА Лејкерс – ЛА Клиперс 125:122
/Дончиќ 38 – Ленард 31/

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');