Кошаркарите на Торонто Репторс прв пат во својата историја ја освоија титулата во НБА лигата. Репторс во шестиот меч од големото финале победија на теренот на актуелните шампиони Голден стејт Вориорс 114-110 и со вкупен резултат 4-2 дојдоа до првиот трофеј во својата 24 годишна историја.
Торонто стана првиот тим од Канада со титула во НАБ лигата и првиот тим кој во големото финале добил три натпревари на гости кај актуелниот шампион. Работата им беше олеснета кога Клеј Томпсон се повреди во финишот на третата четвртина, а нешто подоцна тој со помош на патерици ја напуштил арената. Вориорс играа и без Кевин Дурент на кого му претстои долга пауза поради повредата на Ахиловата тетива.
Мечот во „Оракл“ арената беше исклучително возбудлив, за што говoри и податокот дека на почетокот Торонто ја имаа најголемата предност (0:9). Вориорс имаа можност да изборат мајсторка, на нецели две минути до крајот ја стигнаа предноста на противникот 108:102, имаа и напад за победа но Стеф Кари не успеа да реализира тројка.
Потоа точка на натпреварот и историската победа на Торонто стави Кавај Ленард кој беше прогласен за МВП на финалето. Ова е втора ваква награда за извоnредниот играч, откако МВП беше и во 2014 година кога стана првак со Сан Антонио Спарс.
The 2019 Bill Russell #NBAFinals MVP… Kawhi Leonard of the @Raptors! #WeTheNorth pic.twitter.com/fdb8SbUaFn
— NBA (@NBA) June 14, 2019
Ленард шестиот меч го заврши со 22 поени колку што постигна и Ванвилт. Најефикасен кај Репторс беше Кајл Лаури со 26 поени, 7 скока и 10 асистенции. Томпсон ги предводеше Вориорс, до моментот кога се повреди тој постигна 30 поени, Андре Игудала постигна 22, Стеф Кари 21 поен, а Дрејмонд Грин забележа трипл-дабл од 11 поени, 19 скока и 13 асистенции.