Денвер Нагетс забележаа победа над Њу Орлеанс Пеликанс 138:130. Блескаше Никола Јокиќ кој забележа историски трипл-дабл. Дербито го одиграа Милвоки Бакс и Финикс Санс. Шампионите предводени од Крис Мидлтон победи 132:122.
Јокиќ мечот го заврши со 46 поени, 12 скока, 11 асистенции, четири блокади и три украдени топки. Тој 30 поени постигна во последната четвртина и продолжението. На 2,2 секунди до крајот погоди две слободни фрлања избори продолженија за Денвер. Во дополнителното време со седум поени го скрши Њу Орлеанс.
Јокиќ е првиот играч во лигата со најмалку 40 поени, 10 скока и асистенции, три блокдаи и три украдени топки, откако во 1973 година во статистиката се бележат блокади и украдени топки.
Против Њу Орлеанс, Јокиќ, го забележа 17.трипл-дабл во сезоната.
Милвоки, во репризата на ланското финале, славеа над Финикс 132:122. Без Крис Пол, Девин Букер и Кем Џонсон, Финикс се држеа до последните девет минути. На сцена потоа стапија Крис Мидлтон и Џру Холидеј и го решија победникот.
Мидлтон мечот го заврши со 44 поени, Холидеј постигна 24, 20 во второто полувреме. Диандре Ејтон со 30 и Камерон Пејн со 23 поени се истакнаа кај Финикс.