Бруклин Нетс, по пауза од 19 години, еден месец и еден ден, победија во Сан Антонио. Нетс, по дополнителните пет минути, ги совладаа Спарси со 124:113.
Џејмс Харден одигра брилијантен натпревар, забележа трипл-дабл од 30 поени, 14 скокови и 15 асистенции. „Брадата“ е првиот играч во историјата кој забележал трипл-дабл од најмалку 30 поени, 10 скока и 15 асистенции, без загубена топка.
Покрај Харден кај Нетс се истакнаа Кајри Ирвинг со 27 и Брус Браун со 23 поени. Кевин Дурент не играше поради повреда.
Најдобри во редовите на Сан Антонио беа Демар Дерозан со 22 поени и 11 асистенции и Дежонте Мареј со 19 поени.