Top Sport

Италија има нов селектор

Нов селектор на италијанската кошаркарска репрезентација ќе биде Џанмарко Поцеко, пренесува престижниот кошаркарски портал „Спортандо“.

Поцеко ќе потпише договор со Кошаркарскиот сојуз на Италија до 2024 година, а на клупата на „аѕурите“ ќе го наследи Ромео Сакети со кого беше раскинат договорот.

Поцеко е асистент на Еторе Месина во Олимпија од Милано, а по завршувањето на сезоната ќе ја преземе италијанската репрезентација.

Досега ги водеше Динамо Сасари, Фортитудо, Варезе и Орландо, а беше асистент во Цедевита.

Scroll to Top