Top Sport


Италија нема намера да игра против Русија

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Италија, Џани Петручи, потврдил дека неговата репрезентација нема да игра против Русија, во квалификациите за Светското првенство.

Русија, поради нападот врз Украина е суспендирана од страна на ФИБА. Конечната одлука ФИБА ќе ја донесе во јуни.

Русија, во јули, треба да игра на гостински терен во Италија и Исланд. Во февруари, Русите не го одиграа натпреварот против Холандија.

„Навистина сум разочаран, не помислував тека ова ќе оди толку далеку. Војната е во тек, што уште треба да се случи? Дали можеби планираат потенцијален натпревар Русија-Украина во втората фаза? Не гледам што може да се смени до јуни. Јасно е дека спортистите немаат никаква одговорност по ова прашање“, рекол Петручи.

На табелата во оваа група Русија води со три победи, од исто толку натпревари, Италија и Исланд имаат по две победи и порази, додека Холандија е без триумф.

Во втората фаза, трите најдобри репрезентации од групата во која се Русија и Италија ќе вкрстат со Г-групата во која се Шпанија, Украина, Грузија и Македонија.

Scroll to Top