Кошаркарот на Минесота, Донте ДиВинченцо изјави дека сака да игра за Италија на претстојниот Евробаскет, пренесува „Газета дело спорт“.
Американецот со италијански корени уште пасошот го дели од синиот дрес. Несомнено е дека ќе биде големо засилување за Италија.
По натпреварот против Бруклин, ДиВинченцо заминал на вечера со тренерот на „азурите“ Џанмарко Поцеко и членот на неговиот стручен штаб Луиџи Датоме.
Според кошаркарот, вечерата поминала повеќе од добро.
„Мило ми е што го запознав тренерот. Оставија многу позитивен впечаток и се надевам дека бирократските работи ќе се решат што е можно поскоро. Мојата желба е да играм за Италија“, изјави ДиВинченцо.
Тој додаде дека најверојатно ќе настапи на Евробаскетот
„Се упатува на тоа дека ќе играм, но прво морам да добијам пасош. Моето семејство би било пресреќно, а мојата свршеница исто така има италијанско потекло и ме охрабрува да ја сменам репрезентацијата“, изјави поранешниот играч на Милвоки и Њујорк.