Тијаго Сплитер, тренерот на Париз, сигурно ќе го напушти францускиот клуб по завршувањето на сезоната. Сплитер има неколку понуди од НБА на кои потенцијално би се вратил како асистент. Покрај тренерот извесно е дека клубот ќе го напуштат најдобрите играчи, Ти-Џеј Шортс и Надир Хифи, додека Јантуне веќе има договор со Фенербахче.
Донатас Урбонас, литвански новинар, тврди дека Сплитер во Париз ќе го замени Франческо Табелини. Италијанецот помина речиси 10 години во Тревизо, а во последните две сезони го предводи чешкиот клуб Нимбурк.
Italian coach Francesco Tabellini is expected to take the reins of Paris Basketball following Tiago Splitter's anticipated departure, according to@Urbodo 😮
More about it: https://t.co/yeKhQMU1mK pic.twitter.com/MDQzss2694
— BasketNews (@BasketNews_com) May 22, 2025
Одлуката на Париз да го потпише амбициозниот Италијанец лежи во промовирањето на истиот стил на кошарка вкоренет во францускиот клуб. Нимбурк игра доста брзо, со многу обиди надвор од линијата 6,75.
Италијанецот има забележителни резултати со чешкиот клуб оваа сезона, а тоа се однесува првенствено на четвртфиналето од Лигата на шампионите на ФИБА.
Моментално, Нимбурк се соочува со 21-та титула национален шампион бидејќи во финалната серија има предност од 2:0 над Брно.