Италијанската кошаркарска федерација објави дека ги прекинува сите натпреварувања оваа сезона. Претседателот на федерацијата, Џовани Петручи објави дека по консултација со федералниот совет ја откажа сезоната 2019/20.
„Бидејќи не се гледа јасен датум за можноста за враќањето на спортот на терените на безбеден начин, не можеме да ја продолжиме лигата“, се вели во соопштението, во кое како пречка се посочува и заминувањето на многу интернационални кошаркари.
Иако сезоната е официјално откажана, не е јасно на кој начин ќе се одреди шампионот во Италијанската лига, кој ќе испадне од лигата, и кој ќе игра во европските натпреварувања.
По неполни 21 кола, Виртус Болоња има 18-2 скор, пред Сасари (16-5), Бреша (14-7) и Олимпија Милано (14-7).