НБА лигата и Асоцијацијата на кошаркарите, постигнале договор околу правилата кои дозволуваат дополнителна замена на играчи во ковид-кризата. Изменетите правила веднаш започнаа да се применуваат и ќе важат сигурно до 19.јануари, кога клубовите ќе добијат дополнително известување од НБА, како ќе се одвиваат работите.
Новиот договор предвидува, клубовите веднаш да можат да ангажираат замена за играч кој е позитивен на Ковид-19.
Сите играчи кои ќе потпишат вакви договори нема да влезат во годишните буџети за плати, што значи дека ниту еден тим нема да се соочи со потенцијално плаќање на таксата за луксуз.
Коронавирусот направи хаос во НБА лигата, во моментов најмногу заразени играчи има пријавено Бруклин Нетс.
Поради здравствените протоколи, само изминатата ноќ, НБА одложи пет натпревари.