Top Sport

Де Лихт се подготвувал да го напушти Јувентус

Матијас Де Лихт, по завршувањето на сезоната, би можел да го напушти Јувентус. Холандскиот фудбалер има договор со „старата дама“ до крајот на сезоната 2023/24.

Шпекулациите на холандските медиуми дека Де Лихт ќе го напушти Јувентус, ги поттикна менаџерот Мино Рајола. Тој за „ДРЦ“, изјавил дека „Де Лихт е подготвен за нов предизвик во кариерата“.

Де Лихт, во 2019 година се пресели во Јувентус. Во сезоната 2018/19 го предводеше Ајакс до полу-финалето во Лигата на шампионите.

Надоврзувајќи се на информацијата од Холандија, англиските медиуми тврдат дека Челси се сериозно заинтересирани за Де Лихт.

„Сините“ се соочени со заминување на четворица играчи од одбраната. По завршувањето на сезоната, клубот како слободни играчи ќе можат да го напуштат Антонио Ридигер, Цесар Аспиликуета, Тијаго Силва и Андреас Кристенсен.

Scroll to Top