Top Sport

Итудис ја напушта Грција

Грчкиот селектор Димитрис Итудис ќе ја напушта клупата на националниот тим, стравуваат тамошните медиуми.

На ова Светско првенство Грците ја зазедоа 15. позиција што е најлошиот резултат во историјата на нивната репрезентација.

Грците имаа кадровски проблеми пред почетокот на Светското првенство. Мундобаскетот го пропуштија двајца важни играчи, Јанис Адетокумбо и Костас Слукас.

„Побараа да помогнам и ќе го сторам тоа на секој начин. Моментално сум тренер и тоа ми е најголема чест, но кога ќе заврши Мундобаскетот ќе имаме состанок бидејќи актуелниот договор завршува на Олимписките игри“, објасни Итудис.

Scroll to Top