Top Sport

Ивановиќ доби нов договор, ќе остане во Басконија

Црногорецот Душко Ивановиќ (62) денес го продолжи договорот со Басконија. Ивановиќ застана на клупата на Басконија кога тимот бележеше лоши резултати, успеа да го врати мирот во екипата, а во неделата по победата над Барселона ја освои титулата во Шпанија.

Новиот договор е награда за тренерот кој успеа да забележи неверојатен успех.

За Ивановиќ ова е трет мандат на клупата на Басконија, претходно беше тренер на овој тим од 2000-2005 и од 2008-2012 година.

Scroll to Top