Top Sport

Дугари: Меси е дете од метар и пол кое е „полу-аутистично“!

Поранешниот француски напаѓач Криштоф Дугари влезе во неверојатен напад на Лионел Меси во обид да го одбрани Антоан Гризман по кризата во Барселона, нарекувајќи го Аргентинецот „дете од 1.5 метар“ кое е „полу-аутистично“.

Дугари, дел од славната француска генерација од 1998 година, зборуваше по 2:2 ремито на Барселона со Атлетико Мадрид за „РМЦ спорт“, меч во кој Гризман влезе во игра во последните минути од мечот за уште еден разочарувачки резултат за тренерот Кике Сетиен. 48-годишниот Дугари вели дека недостасува хармонија во тимот и најде решение за тоа.

„Од што се плаши Гризман? Од дете кое е високо 1.5 метри и полу-аутистично? Треба на крајот да покаже дека има јајца. Веќе година дена велам дека тој има проблем со Меси и мора да го удри со тоа во лице. Да, Меси може да му подава повеќе, но не сум изненаден. Гризман не игра со доверба и треба да оди кај Меси и да му каже што е проблемот“, вели Дугари.

По бурата на реакции, Дугари мораше да се извини.

„Жал ми е за моите забелешки за Лионел Меси. Не сакав да фрлам стигма на луѓето кои имаат аутизам, и тоа не беше мојата цел. Се извинувам на сите“, напиша Дугари на Твитер, по што уште понеобично, го избриша Твитот.

Scroll to Top