Дваесет и пет годишен маж бил уапсен поради лажно претставување, откако со месеци играл по лажно име за еден средношколски кошаркарски тим од Далас.
Сиднеј Бувие Гилстрап-Портли, ја одиграл речиси целата сезона за средното училиште Скајлајн, претставувајќи се како Рашон Ричардсон.
Тој во Далас пристигнал како бегалец од ураганот Харви и го искористил фактот дека во новото окружување никој не го познава. Така Гилстрап-Полтри дошол на идеа да ја оживее својата кошаркарска кариера.
Се претставил како 17-годишник и успеал да ја доби наградата за играч на сезоната.
Неговата измама била откриена на еден турнир кога го препознал неговиот поранешен тренер.
Против Гилстрап-Полтри ќе биде поднесена кривична пријава за лажно претставување и за фалсификување на документи. Изманикот го очекува затворска казна.
Тој може да има и дополнителни проблеми со законот, бидејќи претставувајќи се како 17-годишник, излегувал со 14-годишно девојче.