За прв пат во историјата на НБА, во една сезона екипите ќе се борат за два трофиеи. Покрај традиционалниот шампионски прстен и трофејот Лери О’Брајан, сите 30 тима ќе одиграат и посебен турнир во рамките на сезоната што Американците го нарекоа „Турнир во сезоната“, што всушност е куп кој се игра во бројни спортови ширум светот.
НБА детално го претстави новото натпреварување и неговиот трофеј, а беа извлечени шест групи во кои клубовите се поделени според ранкингот од минатата сезона.
Разликата во однос на стандардните купови е во тоа што натпреварите од групната фаза ќе се играат како дел од главниот дел од сезоната во НБА и ќе се сметаат во новото натпреварување.
Групи:
Група А (Исток): Филаделфија, Кливленд, Атланта, Индијана, Детроит
Група Б (Исток): Милвоки, Њујорк, Мајами, Вашингтон, Шарлот
Група Ц (Исток): Бостон, Бруклин, Торонто, Чикаго, Орландо
Група Д (Запад): Мемфис, Феникс, ЛА Лејкерс, Јута, Портланд
Група Е (Запад): Денвер, ЛА Клиперс, Њу Орлеанс, Далас, Хјустон
Група Ф (Запад): Сакраменто, Голден Стејт, Минесота, Оклахома Сити, Сан Антонио.
Натпреварите во групната фаза почнуваат на 3 ноември, а победите, поразите и статистиката ќе важат и за главниот дел од сезоната. Секој тим ќе одигра четири натпревари – по два дома и на гости. Сите натпревари од групната фаза ќе се играат до 28 ноември.
Во елиминацискиот дел од купот ќе се пласираат осум екипи, шест победници во групи и два најдобри второпласирани клуба, а во одреден случај за првпат во историјата на НБА ќе биде важена и кош-разликата, која ќе се гледа доколку конкурентите имаат ист однос на победи и порази. Четвртфиналето ќе се игра на еден натпревар на 4 и 5 декември, а победниците ќе се квалификуваат за фајналфор турнирот.
Завршниот турнир ќе се одржи во Лас Вегас, полуфиналните натпревари ќе се играат на 7 декември, а финалето е два дена подоцна.
Обезбедени се парични награди за сите учесници во елиминациската фаза од купот, како за клубовите, така и за играчите. Сите играчи од тимот што ќе го освои пехарот ќе добијат по 500.000 долари, а на крајот од натпреварот ќе биде прогласен најкорисниот играч и ќе биде објавена најдобрата петорка.