Top Sport

Ја напушти НБА лигата за да игра во Жалгирис!

Поранешниот кошаркар на Денвер Нагетс, Јута Џез и Њујорк Никс – Емануел Мудиеј по 5 години ја напушти НБА лигата за да потпише договор со литвански Жалгирис.

Седмиот пик на НБА драфтот од 2015 година, 25-годишниот плејмејкер потпиа едногодишен договор со „зелените“ и реши да се проба во Европа.

Пред две ипол сезони го носеше дресот на Денвер Нагетс, а потоа година ипол помина во редовите на Њујорк Никс.
Последната сезона која ја играше во НБА (2019/2020) беше член на Јута Џез.

Сепак, најдобрите партии ги прикажуваше кај Никси, со 14,8 поени во просек.

Scroll to Top