Францускиот крилен центар Гершон Јабусуле и официјално повеќе не е член на Реал Мадрид. Јабуселе се сели во НБА лигата во дресот на Филаделфија Севентисиксерс.
Францускиот репрезентативец, освојувач на олимписко сребро, потпиша едногодишен договор за 2,1 милион со франшизата од Атлантик дивизијата. Тој импресионираше со просечни 14 поени на олимпискиот турнир и го привлече вниманието на НБА тимовите.
И тој самиот изјави дека намерата му е да добие уште една шанса во НБА, каде претходно го носеше дресот на Бостон.
За три години во Реал освои седум трофеи: Евролига 2023, две шампионски титули, еден Куп на Кралот и три шпански Суперкупа.
Во претходната сезона за „кралскиот клуб“ во Евролигата забележа 10,5 поени и 4,9 скока.