Top Sport

Јабуселе им се извини на Партизан и на Егзум за „дивјаштвото“

Кошаркарот на Реал Мадрид, Гершон Јабуселе, испрати јавно извинување до Партизан и до Данте Ексум. Тој беше еден од главните актери во тепачката што предизвика прекин на натпреварот помеѓу Реал и Партизан, а сега се огласи преку социјалните мрежи.

„Длабоко жалам за моето однесување синоќа. Кошарката треба да биде олицетворение на спортски дух и пријателство. Искрено се извинувам на Партизан, клуб со кој секогаш сме имале одлични односи, на Данте Егзум и неговото семејство, како и на моите соиграчи , мојот клуб и сите навивачи“, изјави Јабуселе.

Евролигата до крајот на денот ќе донесе одлука за казни и суспензии, а извесно е дека Јабуселе го чека најголемата казна.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Guerschon Yabusele (@guerschon__)

Scroll to Top