Кошаркарскиот сојуз на Јамајка (КСЈ), преговара со неколку имиња од НБА за во иднина да го носат дресот на оваа држава.
Некои играчи веќе се согласиле да го носат дресот на селекцијата на оваа карипска земја, тврди новинарот на „Јамајка Обзервер“ Даниел Блејк. Близнаците Амен (Хјустон) и Аусар Томпсон (Детроит) чиј татко има јамајкански корени, влегле во процес на добивање пасош од оваа земја.
Покрај нив, Јамајка може да смета на Џордан Пауел (поранешен играч на НЦАА) и Џош Минот од Минесота, кои веќе имаат право да играат за репрезентацијата на земјата.
И тоа не е сè, бидејќи КСЈ е во напредни преговори со некои од брилијантни имиња од најсилната лига: Скоти Барнс од Торонто, Ајзеа Стјуарт од Детроит и Девин Васел од Сан Антонио.
Сите тројца, благодарение на еден од нивните родители, го исполнуваат условот за аплицирање за јамајкански пасош.
BREAKING: Been informed that talks are underway for @Raptors All-Star Scottie Barnes, @DetroitPistons centre Isaiah Stewart & @spurs guard Devin Vassell to join Jamaica’s growing basketball team.
Twin brothers Amen & Ausar Thompson begun their passport process last week. pic.twitter.com/iPqzFL1bXW
— Daniel Blake (@DannyBeegie) June 4, 2025
Целта на Јамајканците е да се квалификуваат за Светското првенство во 2027 година, а тоа би било нивно прво учество на најголемото светско натпреварување во историјата.
Досега, тие никогаш не играле на Олимписките игри, а само еднаш учествувале во натпреварувањето на ФИБА Америка Купот, во 2013 година.
Доколку сите споменати играчи му бидат на располагање на селекторот, Јамајка сигурно би била меѓу фаворитите во квалификациите за Мундобаскет. Јамајканците ја „пресликаа“ политиката на Кошаркарскиот сојуз на Бахами, кои не толку одамна ангажираа тројца НБА играчи Бади Хилд, Ерик Гордон и Деандре Ејтон.
Таа селекција беше на прагот на сензација против Шпанија, кого дожиева пораз во продолженија, во баражот за пласман на Олимписките игри.