Top Sport

Јанакопулос го продава Панатинаикос

Контоверзниот сопственик на кошаркарскиот клуб Димитрис Јанакопулос објави дека го продава клубот. На прес конференција одржана во вторникот Јанакопулос рекол дека клубот го продава за 25 милиони евра.

Јанакопулос со изминатите две години има константни недоразбирања со Евролигата поради што постои голема веројатност клубот да го напушти ова натпреварување.

„Евролигата е црна кутија. Тимовите не знаат откаде доаѓаат приходите и кој ги зема. Евролигата е на нултата точка, благодарение на Џорди Бартомеу. На последната прес конференција претставниците на Реал Мадрид рекле дека Евролигата не може да постои без Панатинаикос. Нека му го каже ова некој на господинот Бартомеу“, рекол Јанакопулос.

„Евролигата конечно доби вистински конкурент. Лигата на шампионите е организација што доаѓа и е подготвена да ја згасне Евролигата. Јас не реков дека ПАО нема да игра во Евролигата. Дополнително ќе ја рзгледаме ситуацијата. Се надевам дека ќе донесеме решение да излеземе од Евролигата е да се приклучиме во Лигата на шампионите“.

Сопственикот на „зелените“ потоа објави дека го продава клубот.

„Панатинаикос сега се продава за 25 милиони евра, ова по грешка го најавив лани. Не ја пресметавме вистинската вредност на брендот, вистинската цена е 75 милиони евра, но јас ќе си го почитувам зборот. Цената за купуваќот е 25 милиони евра.

Панатинаикос е шесткратен европски шампион.

Scroll to Top