Милвоки Бакс ја решија серијата против Детроит Пистонс со максимални 4-0, додека Јута Џез изборија барем уште еден натпревар против Хјустон Рокетс.
Милвоки, по 18 години успеаја да ја минат првата рунда во плејофот, победувајќи во четвртиот меч со 127:104. Бакс во наредната рунда ќе играат против Бостон Селтикс.
Во Детроит, брилијантен натпревар одигра Јанис Адетокумбо (41 поен, 9 скока, 3 асистенции, 4 блокади), Крис Мидлтон постигна 18, а Ерик Бледсо 16 поени. Реџи Џексон со 26 и Блејк Грифин со 22 поени го предводеа Детроит.
Јута Џез избегнаа „метла“ во серијата со Хјустон Рокетс. Џезерите славеа 107:91, благодарение на серијата во последната четвртина 15:1, во која 13 поени постигна Донован Мичел. На крајот Мичел имаше 31 поен (19 во последната четвртина). Џо Краудер забележа 23 поени, а Рики Рубио 18 поени и 11 асистенции.
Кај Хјстон најефикасни беа Џејмс Харден со 30 и Крис Полс со 23 поени, 8 скока и 7 асистенции.