Top Sport

Јанис ги уништи Лејкерси, Финикс ја продолжија победничката серија

Актуелните шампиони во НБА лигата, Милвоки Бакс, славеа победа над ЛА Лејкерс, кои ја започнаа својата турнеја по Источната конференција. Без Леброн Џејмс, Лејкерси имаат само три победи на последните осум натпревари. „Езерџиите“ немаа решение за Јанис Адетокумбо.

Милвоки Бакс ги победија ЛА Лејкерс со 109:102. Бакс ги предводеше Адетокумбо со сезонски рекорд од 47 поени. Гркот погоди 18 од 23 обиди од игра (3/4 тројки), од линијата за слободни имаше ефект 8/11. Во статистиката запиша девет скока, три асистенции, по една блокада и украдена топка.

Лејекрси ги предводеше Тален Хортон-Такер. Младиот кошаркар, го пропушти стартот на сезоната поради повреда. На последните три натпревари тој е лидер со 25+поени.

Против Милвоки забележа 25 поени и 12 скока.

Финикс Санс ја имаат најдолгата победничка серија во лигата. Сланс славеа против Далас Маверикс 105:98. Ваква победничка серија Санс немале од 2010 година.

Девин Букер постигна 24 поени, Деандре Ејтон 19 на кои придодаде 13 скока. Кај Далас се истакнаа Тим Хардавеј јуниор со 22 и Кристапс Прозингинс со 21 кош. За Далас не играше Лука Дончиќ.

Детроит-Индијана 97:89
Шарлот-Вашингтон 97:87
Атланта-Бостон 110:99
Мајами-Њу Орлеанс 113:98
Бруклин-Кливленд 109:99
Њујорк-Орландо 98:104
Минесота-Сакраменто 107:97
Оклахома-Хјустон 101:89
Портланд-Чикаго 112:107

Scroll to Top