Top Sport

Јанис го декласира Њу Орлеанс

Јанис Адетокумбо ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата. Гркот постигна 50 поени во победата на Милвоки Бакс во дуелот со Њу Орлеанс Пеликанс 135:110.

Милвоки во првата четвртина ги решија сите дилеми околу кончниот победник. Овој период Бакс го добија со 37:19.

Адетокумбо мечот го заврши со 50 поени, 13 скока и четири асистенции. За 30 минути на теренот, Гркот од поле шутираше 20/26 погоди три тројки од четири обиди.

Ова е втор натпревар сезонава во кој Јанис постигна најмалку 50 поени, на почетокот на месецот постигна 55 поени против Вашингтон Визардс.

Резултати:

Шарлот Хорнетс – Мајами Хит 122:117
Мемфис Гризлис – Индијана Пејсерс 112:100
Кливленд Кавалирс – ЛА Клиперс 122:99

Scroll to Top