Кошаркарот на Милвоки Бакс, Јанис Адетокумбо продолжи да ја испишува историјата на франшизата. Гркот стана најдобриот стрелец во историјата на Милвоки.
Во победата на тимот од Висконсин над Филаделфија (118:117), Гркот постигна 23 поени, забележа и 13 скока, три асистенции и по две украдени топки и блокади.
Адетокумбо стигна до 5.905 поени од поле, надминувајќи го легендарниот Карим Абдул-Џабар, кој го држеше рекордот на франшизата (5.902).
Џабар играше за Бакс од 1969 до 1975 година и за тоа време успеа да ја освои титулата во 1971 година, како и признанијата за МВП и МВП на финалето. Со оглед на тоа што најголемиот дел од кариерата го помина во Лос Анџелес Лејкерс, можеме да кажеме дека Јанис е најдобриот играч во исторјата на на Милвоки.
Да потсетиме, Адетокумбо (28) беше драфтуван во 2013 година како 15. пик на драфтот и кариерата ја минува во Милвоки.
Како што стојат работите, тој ќе остане така, бидејќи се согласи на нов договор до 2028 година.