Top Sport

Јанис не може сам, Германија ја елиминира Грција од ОИ

Германските кошаркари ја совладаа Грција и се пласираа во полуфиналето на Олимписките игри.

Актуелниот светски првак групната фаза ја заврши со максимален учинок, ги совлада Јапонија, Бразил и Франција, а сега и Грција со резултат 76:63.

Грците на „Мала врата“ влегоа во четвртфиналето, како една од двете најдобри третопласирани селекции, откако загубија од Канада и Шпанија и ја победија Австралија.

Грците добро влегоа во мечот ја добија првата четвртина со 10 поени (21:11) и тоа беше се од нив на овој натпревар.

Јанис Адетокумбо остана без вистинска поддршка и грчкиот тим натпреварувањето на Олимписките игри го заврши во четвртфиналето.

Најефикасен поединец на натпреварот беше најдобриот играч на поразената екипа и најголема ѕвезда на паркетот, Јанис Адетокумбо. Тој постигна 22 поени со 2 скока и 3 асистенции, а го следеа Вокап со 12 и Папаниколау со 10 поени.

Во победничкиот тим видовме 18 поени од Франц Вагнер, 13 од Денис Шридер и 10 од Јоханес Тиеман, додека 9 поени со 6 скока и 2 асистенции постигна Исак Бонаг.

Победникот од овој меч во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Франција и Канада.

Scroll to Top