Top Sport

Јанис се повреди, Мајами поведе во серијата со Милвоки

Мајами хит го победи Милвоки бакс со 130:117 одземајќи им го домашниот терен, но многу поголем проблем за нив е повредата на најдобриот играч Јанис Адетокумбо. Тој се повреди уште на стартот, во првата четвртина, кога во обид да ја забие топката незгодно падна и заработи контузија на грбот.

Мајами тоа знаше да го искористи и дојде до почетен триумф во серијата. Џими Батлер со 35 поени и 10 асистенции беше најзаслужен за победата, а одличен беше и Бем Адебајо со 22 поени.

Лос Анџелес Клиперс поведе со 1:0 во плејоф серијата против Феникс санс, победувајќи ги „сонцата“ со 115:110. Каваи Ленард блесна со 38 постигнати поени.

Најдобар кај Феникс беше Кевин Дурент со 27 поени, 11 асистенции и девет скока, а Девин Букер постигна еден поен помалку.

Денвер нагетс со 109:90 ја совлада Минесота тимбервулвс. Никола Јокиќ имаше дабл-дабл со 13 поени и 14 скока, а Џамал Мареј беше најефикасен со 24 поени.

ЛА Лејкерс направи брејк на гости против Мемфис гризлис откако славеше со 112:128 на дуелот во „Федекс форум“. Домаќините во третиот период останаа без Џа Морант, кој ја повреди дланката, а ЛА Лејкерс со серија од 15:0 во последната четвртина стигна до триумфот.

Руи Хачимура и Остин Ривс беа неверојатни во тимот на ЛА Лејкерс. Ривс постигна дури 14 од своите 23 поени во последната четвртина, додека Хачимура мечот го заврши со 29 постигнати поени.

Scroll to Top