Еден од најпознатите кошаркари во моментов во светот секако е Гркот Јанис Адетокумбо – првата ѕвезда на НБА тимот, Милвоки Бакс. Сепак не го познаваат сите високиот Јанис кој грчевито се бори за својата прва НБА титула додека на патот му стојат „сонцата“ од Феникс.
Порталот „Атлетик“ пренесува интересна случка од хотелот во кој биле сместени Бакси.
„Вечерта пред првиот меч од финалето го загубил клучот од хотелската соба. Отишол на рецепција каде преку плексиглас, со маска на лицето побарал помош од рецепционерката. Дал лажно име кое го користи, вообичаена работа на познатите личности за да си ја заштитат приватноста“ се наведува во почетокот на текстот.
Рецепционерката ја почитувала процедурата, без оглед што пред неа стоел суперстар.
„Таа била збунета, затоа што Јанис во себе немал никаков документ за идентификација. Дошло до недоразбирање, па нејзиниот колега морал да се вмеша и да помогне да се реши проблемот. Со воодушевување и рекол на колешката `Тоа е Јанис`. Грчкиот кошаркар на сето тоа реагирал со насмевка и трпеливо чекал да добие резервен клуч за да се врати во собата“ се наведува во текстот.
И самиот кошаркар го потврдил случајот:
I wasn’t going to write about the insightful hotel moment I shared with Giannis Antetokounmpo late Monday night, but then he shared it first here. NBA superstars, even the most reluctant ones, lose room keys too. More here, at @TheAthletic https://t.co/M17l5fiJun pic.twitter.com/sc9qZGNOD0
— Sam Amick (@sam_amick) July 10, 2021