Денвер Нагетс ја завршија сезоната во Оклахома. Најдобриот тим во лигата, во регуларниот дел од сезоната, ги декласира Нагатес во седмиот меч од полуфиналната серија во Западната конференција.
Најдобриот играч на Денвер, Никола Јокиќ, седмиот меч го заврши со 20 поени, девет скока и седум асистенции. Трикратниот МВП регуларната сезона ја заврши со трипл-дабл просек.
По елиминацијата од плејофот, она што ја интересира кошаркарската јавност, најмногу српската е дали Јокиќ ќе игра на Европското првенство. Се уште под влијание од тешкиот пораз, Јокиќ рече дека „одлука ќе донесе во наредните денови во наредните денови, кога ќе испие многу пиво“.
„Мислам дека Олимписките игри ме направија уште подобар. Играв за мојата земја, со други играчи, под „различни“ правила и тоа навистина ме направи уште подобар играч. Евробаскетот доаѓа, морам да донесам одлука, морам да разговарам со тренерите и главните играчи во репрезентацијата. Ќе видиме, но во следните неколку дена веројатно ќе има многу пиво“, рече Јокиќ со карактеристична насмевка.
На овогодинешното Европско првенство, Србија игра во групата А заедно со домаќинот Латвија, Турција, Естонија, Чешка и Португалија, а на континенталното првенство доаѓа како светски вицешампион и бронзен медалист од минатогодишните Олимписки игри во Париз.