Top Sport

Јокиќ во Србија се појави автомобил од 500.000 евра

Никола Јокиќ се врати во Србија за прв пат откако ја освои титулата со Денвер Нагетс, прва во кариерата, но и во историјата на клубот. Беше најдобар играч во плеј-офот, а со речиси трипл-дабл просек ја заслужи и наградата МВП на финалето на најдобрата светска кошаркарска лига.

Српски „Телеграф“, ги објави првите фотографии по повод неговото пристигнување во Србија.

Јокиќ го напушти белградскиот аеродром возејќи се со луксузен автомобил Мерцедес Брабус вреден повеќе од 500.000 евра, а скап е и еден детаљ од неговиот стајлинг.

Тоа е посебен часовник. Моделот е „Ролекс Бетмен“, има сребрено-сина боја, а вреди меѓу 15 и 25 илјади долари.

Scroll to Top