Top Sport

Лејкерси ја следат ситуацијата со Крис Пол

ЛА Лејкерс беа запрени во финалето на Западната конференција од овосезонскиот плеј-оф во НБА лигата, каде беа поразени со 4:0 од подоцнежниот шампион Денвер Нагетс.

Доколку сакаат да дојдат до нова титула, на Лејкерси им се неопходни нови лица во соблекувалната. Се чини дека идеално решение е ветранот Крис Пол.

Еден од најдобрите плејмекери во последната деценија, играч со 18. годишно искуство во НБА лигата, Пол се уште е под договор со Феникс Санс, но наводно франшизата е подготвена да се ослободи од неговите услуги.

Лејкерси ја следат ситуацијата и се надеваат дека Пол ќе се согласи да игра за ветеранскиот минимум, што ќе им овозможи да задржат дел од играчите кои се докажаа во текот на сезоната.

Пол има уште две години од неговиот четиригодишен договор со Санс. Доколку биде отпуштен пред 28 јуни, ќе има право на 15,8 милиони долари. По тој датум загарантирани се 30,8 милиони, односно договорената плата за следната сезона. Во тој случај заинтересираните клубови би размислиле дали да го ангажираат.

Во својата кариера, Пол играше за Њу Орлеанс Хорнетс, ЛА Клиперс, Хјустон Рокетс, Оклахома Сити Тандер и Санс. Минатата сезона тој постигнуваше во просек по 13,9 поени (најмалку во кариерата и 8,9 асистенции.

Scroll to Top