Top Sport

Јокиќ знаел дека Мелоун ќе добие отказ: Ранетиот ѕвер е најопасен

Шок терапијата во Денвер се покажа успешна. По смената на тренерот Мајк Мелоун, Нагтес ја прекинаа серијата од четири порази, победија во Сакраменто со 124:116.

Никола Јокиќ до крајот на третата четвртина го забележа 33. трипл-дабл во сезоната, 163. во кариерата (20 поени, 12 скокови, 11 асистенции).

По мечот имаше што да им каже на новинарите.

„Велат дека сме ранливи, но ранетиот ѕвер секогаш е најопасен. Го разбудија ѕверот“, рече Јокиќ, а потоа го коментираше отказот што го доби тренерот Мелоун, откривајќи дека имал комуникација со газдата Џош Кренке.

„Знаев пред кој било друг. Џош ми рече „Донесовме одлука“. Тоа беше тоа. Немаше дискусија. Кренке одлучи и ми кажа зошто. Го послушав и прифатив“, заклучил Јокиќ.

Scroll to Top