Top Sport

Јокиќ броеше до 32 против Лејкерси, по 25 поени за Бојан и Богдан Богдановиќ

Богдан и Бојан Богдановиќ постигнаа по 25 поени во победите на Атланта Хокс и Јута Џез, додека Никола Јокиќ во поразот на Денвер од Лејкерси уфрли 32 поени.

Атланта Хокс, предводени од Богдановиќ, Данило Галинари и Тре Јанг, ги победи Портланд Трејлблејзерс со 123:114. Богдановиќ постигна 25 поени (7 тројки, сите во првото полувреме), Галинари беше најефикасен со28 поени, додека Јанг постигна 21 поен.

Јута Џез ја продолжуваат трката со Финикс Санс за првото место во Западната конференција. Џезерите славеа победа над Сан Антонио Спарс 110:99. Бојан Богдановиќ мечот го заврши со 25 поени, тој погоди 10 од 17 шутеви од игра.

Денвер, забележаа изненадувачки пораз од ЛА Лејкерси. Мечот го реши Тејлен Хортон Такер, на 15 секунди до крајот. Без Леброн Џејмс, актуелните шампиони победија со 93:89.

Јокиќ ги преводеше Денвер со 32 поени, девет скока и пет асистенции. Лејкерси ги предводеше Ентони Дејвис со 25 поени.

Најмногу поени, изминатата ноќ, постигна Стеф Кари. Голден стејт Вориорс забележаа победа во Њу Орлеанс 123:108. Кари постигна 41 поен (тројки 8/18).

GoGoAnime watch anime free: Naruto Episode 220

AnimeTV go anime tv: Watch Death Note (Dub) Episode 18

Scroll to Top