Никола Јокиќ, Џа Морент, Џејмс Харден, Јусуф Нукриќ, Џоел Ембид, Демар Дерозан, со сјајни индивидуални партии ја обележаа ноќта во НБА лигата.
Азктуелниот МВП во лигата, Никола Јокиќ, забележа уште еден трипл-дабл, 11. во сезоната (26 поени, 11 скокови, 12 асистенции). Денвер Нагетс и покрај тоа не успеаја да ги победат Мемфис Гризлис, во чии редови блескаше Џа Морент со 38 поени.
Мемфис славеа победа 122:118.
ЛА Клиперс, во возбудлив меч, победија во Филаделфија 102:101. Ембид со 40 поени и 13 скокови не успеа да го спречи поразот на својот тим. Кај Клиперси најефикасен беше Реџи Џексон со 19 поени и девет асистенции.
Актуелните шампиони Милвоки Бакс ја продлабочија кризата на Чикаго Булс. Бакс славеа со 94:90 и им го нанесоа на Булси петтиот пораз на последните шест натпревари. Јанис Адетокумбо забележа 30 поени и 12 скокови за Милвоки, Чикаго ги предводеше Дерозан со 35 поени.
Лидерот на Истокот, Бруклин Нетс, победи во дуелот со Сан Антонио 117:102. Џејмс Харден забележа трип-дабл од 37 поени, 10 скока и 11 асистенции. Трипл-дабл запиша и Дежонте Мареј. Играчот на Сан Антонио мечот го заврши со 25 поени, 12 скокови и 10 асистенции.
Портланд го победија Бостон со 109:105. Селтикс немаа решение за Јусуф Нуркиќ. Босанецот соминираше со 29 поени, 17 скокови и шест асистенции.