Никола Јокиќ ги врати Денвер на шестата позиција во Западната конференција. Денвер, славеа победа над ЛА Клиперс 127:115. Изминатата ноќ, Атланта победи во Њујорк, Милвоки го декласираа Чикаго, а Голден стејт разочараа со поразот во Орландо.
Денвер до крајот на сезоната ќе водат жестока борба за шестото место со Минесота. Сега имаат една победа повеќе од екипата од Минеаполис. Денвер убедливо ги победи ЛА Клиперс со 127.115.
Никола Јокиќ го предводеше тимот со 30 поени, 14 скока, шест асистенции, три блокади и две украдени топки. Покрај Јокиќ и останатите играчи од првата петорка постигнаа двцифрен број на поени.
Храмот на кошарката во САД, Медисон сквер гаредн во Њујорк го виде шоуто на Тре Јанг и Богдан Богдановиќ. Атланта славеше над Њујорк 117:111. Јанг на навредите од трибините одговори со 45 поени, Богдановиќ го следеше со 32.
Њујорк со овој пораз и теоретски останаа без шанси за пласман во плејофот.
Јанис Адетокумбо и Милвоки Бакс го декласираа Чикаго со 126:98. Булс играат лошо во финишот на регуларниот дел од сезоната, имаат девет порази на последните 12 натпревари, а против Милвоки добиле само еден од последните 16 натпревари.
Адетокумбо со 25 поени и 17 скока, односно Дру Холидеј со 27 поени го предводеа Милвоки, кај Булс Никола Вучевиќ уфрли 22 поени Зек Лавин и Демар Дерозан постигнаа по 21 поен.
Голден стејт без Стеф Кари, со грешките во последната четвртина им овозможија на играчите на Орландо да ја забележат 20.победа во сезоната. Орландо победија со 94:90. Извесно е дека Голден стејт ќе завршат на третото место на Западот. Во првото коло веројатно ќе играат против Денвер.