Top Sport

Јокиќ го декласира Хјустон

Никола Јокиќ одигра уште еден брилијантен натпревар во НБА лигата. Центарот го предводеше Денвер до победа во Хјустон 128:99. Денвер, по шест години успеаја да победат во Хјустон. Јокиќ, во 56 натпревар сезонава го забележа јубилејниот 50 „дабл-дабл“.

Српскиот репрезентативец, одигра нешто помалку од 30 минути, забележа 29 поени, 16 скокови, седум асистенции и две украдени топки.

Покрај Јокиќ уште петмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени: Мајкл Портер јуниор забележа 21 поен и пет скока, Џамајкл Грин (13), Вил Бартон (12). Пи-Џеј Дозиер (11), Пол Милсап (11 поени, 10 скока).

Најлошиот тим во лигата, го предводеше Кели Олиник со 23 поени: Хјустон сезонава имаат само 14 победи и 42 порази.

Денвер со 36 победи и 20 порази се четврти во Западната конференција.

Scroll to Top