Top Sport

Јокиќ го растури Хјустон, Портланд ги победи Лејкерси

Пет натпревари се одиграа изминатата ноќ во НБА лигата, во кои блескаа кошаркарите од просторите на поранешна Југославија, Богдан и Бојан Богдановиќ, односно Никола Јокиќ и Јусуф Нуркиќ.

Репрезентативецот на БиХ, Нуркиќ, со шест поени и три сока, во финишот на мечот им помогна на Портланд да слават во Лос Анџелес, кај Лејкерс со 115:107. Нуркиќ натпреварот го заврши со 10 поени, 12 скока и три асистенции. Порталнд го предводеше Демијан Лилард со 31 поен, два поени помалку на спротивната страна постигна најефикасниот играч на Лејкерс, Леброн Џејмс.

Јута Џез забележаа минимален триумф во Оклахома 110:109. Донован Мичел погоди за победа на Јута на седум секунди до крајот на натпреварот. Најефикасен играч на џезерите беше Бојан Богдановиќ со 23 поени.

Атланта Хокс ја запишаа третата победа во сезоната. Хокс ги поразија Детроит Пистонс со 128:120. Богдан Богдановиќ натпреварот го заврши со 17 поени и по пет скока и асистенции. Најефикасен во редовите на Атланта беше Тре Јанг со 29 поени.

Денвер Нагетс, во третиот меч сезонава ја забележаа првата победа. На крилјата на Никола Јокиќ, екипата од Колорадо, го победи Хјустон 124:111. Јокиќ стигна до вториот трипл-дабл сезонава (19 поени, 18 асистенции, 12 скока, 3 блокади). Српскиот репрезентативец стана првиот центар по Вилт Чембрлен во 1986 година, кој забележал најмалку 18 асистенции на еден натпревар. Џејмс Харден со 34 поени се истакна во редовите на Хјустон.

Scroll to Top