Top Sport

Јокиќ и Бизли го „прегазија“ Хјустон (Видео)

Кошаркарите на Денвер Нагетс ја прекинаа црната серија на резултати против Хјустон Рокетс. Нагетс, измината ноќ, ставија крај на серијата од девет порази против Хјустон. Никола Јокиќ ги предводеше Нагетс до победата 136:122.

Српскиот центар со помош на младиот Малик Бизли го решија тимот што на теренот го предводи Џејмс Харден.

Јокиќ застана на асистенција до трипл-дабл, мечот го заврши со 31 поен, 13 скока и 9 асистенции, додека Бизли стигна до рекордни во кариерата 35 поени.

На спротивната страна Харден постигна 30 поени, Кенет Фарид 23 имаше и шест скока, а Крис Пол заврши со 20 поени.

Денвер со оваа победа се израмнија со Голден стејт Вориорс на челната позиција во Западната конференција, двата тима имаат по 36 победи и 15 порази.

Местото број три на Западот го држат играчите на Оклахома Тандер. Предводени од Пол Џорџ, расел Вестбрук и Денис Шрудер Тандер победија во Мајами 118:102.

Пол Џорџ мечот го заврши со 43 поени, седум скока и пет асистенции, Шрудер постигна 28 поени, а Вестбрук забележа нов трипл-дабл (14 поени, 12 скока, 14 асистенции).

Бостон Селтикс лесно се справија со Њујорк Никс. Во Њујорк Селтикс победија 113.99. Никс се на последното место во лигата со само десет победи. Инаку Њујорк го забележа 20. пораз на последните 21 натпревари.

Кајри Ирвинг го предводеше Бостон со 23 поени и шест асистенции.

Scroll to Top