Top Sport

Јокиќ и Денвер го декласираа Феникс – Нагетс изборија место во конференциското финале

Кошаркарите на Денвер Нагетс се пласираа во финалето на Западната конференција во НБА плеј-офот. Избраниците на Мајк Мелоун ги совладаа Феникс Санс со убедливи 125:100 како гости во „Футпринт центар“ во Феникс и 4-2 се пласираа во следната рунда. Уште една фантастична партија во редовите на тимот од Колорадо пружи српскиот репрезентативец Никола Јокиќ, кој запиша уште еден трип-дабл.

Во конференциското финале Нагетс го чекаат победникот од серијата помеѓу ЛА Лејкерс и Голден стејт Вориорс. Лејкерси имаат предност 3:2 во оваа серија.

Денвер максимално го искористија отсуството на двајца стартери во тимот на Феникс. Поради повреди мечот го пропуштија Крис Пол и Диандре Ејтон.

Првото полувреме го реши победникот. Првата четвртина Денвер ја завршија со серија 17:0 и предност 44:26, а на полувреме Нагетс водеа со 81:51.

Најдобар играч на Денвер, како и обично, беше Србинот Никола Јокиќ со 32 поени (13/18 од поле, 6/6 пенали), 10 скока, 12 асистенции, една блокада, три украдени топки и две загубени топки.

Во победничкиот табор покрај Јокиќ, одлични и бековите. Џамаал Мареј постигна 26 поени (7/16 од поле, 8/8 од пенал), а Кентавиус Колдвел-Поуп 21 поен.

Кај Феникс се истакна Камерон Пејн со 31 поен, Кевин Дурент додаде 23 поени (8/19 од поле, 7/7 пенали) и по пет скока и асистенции, а Девин Букер имаше лоша шутерска вечер, откако во претходните пет натпревари го затрупа кошот на Денвер, Букер шестиот натпревар го заврши со 12 поени.

Scroll to Top