Top Sport

Јокиќ и Денвер испаднаа од плејофот, Милвоки го елиминираа Чикаго

Кошаркарите на Голден стејт Вориорс и Милвоки Бакс ги минаа првите пречки во плејофот. Со идентични 4:1, Вориорс и Бакс ги добија сериите против Денвер Нагетс односно Чикаго Булс.

Вориорс петтиот меч против Нагетс го добија со 102:98. Имаа Нагетс 10 поени предност во третиот период, но проблемите за нив почнаа кога Никола Јокиќ ја доби четвртата лична грешка.

Во последниот период предводени од Стеф Кари и Гери Пејтон, Вориорс ја стигнаа предноста на Денвер од осум поени и триумфираа.

Јокиќ мечот го заврши со 30 поени, 19 скока и осум асистенции. Ист број на поени за Вориорс постигна Кари.

Вориорс во полуфиналето ќе играат против победникот од серијата помеѓу Мемфис и Минесота.

Милвоки Бакс со 116:100 го победија Чикаго во петтиот меч. Бакс доминираа во текот на целиот натпревар, во еден момент имаа предност од 29 поени.

Јанис Адетокумбо ги предводеше Бакс со 33 поени и девет скока. Кај Чикаго се истакна Никола Вучевиќ со 19 поени, 16 скока и шест асистенции.

Во полуфиналето Бакс ќе играат против Бостон Селтикс.

Scroll to Top