Кошаркарите на Денвер, во драматичен меч, по едно продолжение го победија Чикаго Булс со 131:127. Во еден од дерби мечевите Портланд забележа победа над Далас 125:119.
Денвер, во последниот период влегоа со минус од 14 поени, а во завршните 45 секунди имаа негатива од шест поени. Продолженија за Денвер изборија Јокиќ и Мареј, кој постигна тројка со звукот на сирената. Овие двајца доминираа во дополнителното време и му ја донесоа на Денвер осмата победа на последните девет натпревари.
Јокиќ и Мареј постигнаа по 34 поени, српскиот репрезентативец имаше и 15 скокови и девет асистенции. Во редовите на Чикаго два поени помалку постигна Зек Лавин.
Слично сценарио имаше и натпреварот во Портланд. Трејлблејзерс славеа со пресврт во последните две и пол минути. Тогаш одговорноста ја презедоа Си Џеј Мекалум и Кармело Ентони, иако до финишот Портланд во живот го држеше Демијан Лилард.
На крајот Лилард со помош на Мекалум ја доби пресметката со Лука Дончиќ, постина 31 поен, Мекалум забележа 32 коша. Дончиќ мечот го заврши со 38 поени и по девет скока и асистенции.
Резултати:
Бостон-Сакраменто 96:107
Кливленд-Сан Антонио 110:116
Хјустон-Детроит 100:113
Мемфис-Голден стејт 103:116
Мајами-Индијана 110:137
Орландо-Буклин 121:113
Торонто-Јута 112:115
Денвер-Чикаго 131:127
Финикс-Минесота 113:101
Портланд-Далас 125:119.