Top Sport

Јокиќ и Мареј ја решија Јута, Клиперс го декласираа Далас

Денвер Нагетс ја намалија предноста на јута Џез на 2-3, додека Лос Анџелес Клиперс со убедливата победа над Далас Маверикс поведоа со 3-2 во меѓусебната серија во првата рунда во плеј офот во Западната конференција.

Денвер предводени од двајцата најдобри кошаркари славеа над Јута во петтиот натпревар со 115:107.

Џамал Мареј постигна 42 поени, на кои придодаде по осум скока и асистенции, додека Никола Јокиќ мечот го заврши со 31 поен, шест скока и четири асистенции.

На спротивната страна Донован Мичел со 30 поени беше најпрецизен.

Клиперси во петтиот меч го декласираа Далас со 154:111. Ова е најубедливиот пораз на Далас во плејоф историјата.

Пол Џорџ и Каваи Ленард со 35 односно 32 поени беа најефикасни во тимот на Док Риверс.

Кај Далас се истакна Лука Дончиќ со 22 поени, осум скока и четири асистенции.

Scroll to Top