Најдобрите играчи на Денвер Нагетс, Никола јокиќ и Џамал Мареј, имале големи замерки на судењето, по поразот од Њу Орлеанс 108:113.
На две минути до крајот на мечот Денвер имаа предност 102:101, до крајот Пеликанс изведиа девет слободни фрлања. На овој меч Пеликанс изведоа 30, а Нагетс само 10 слободни фрлања.
„Јокиќ игра 48 минути и ниту еднаш не шутира слободно фрлање. Па тоа е смешно. Односот во слободни фрлања е 30-10. Тие во последните четири минути шутираа само пенали, тоа не е нормално. Можеме да одиграме врвна одбрана, но не можеме да браниме слободни фрлања“, рекол Мареј стрелец на 23 поени против Пеликанс.
Коментарот на Јокиќ отсликува умерено незадоволство.
„Зошто сме поразени? Поради тоа што тие имаа 30 слободни фрлања“, рекол Јокиќ кој го забележа 11.трипл-дабл оваа сезона (29 поени, 1о скока, 11 асистенции).