Top Sport

Јокиќ исклучен, Денвер добија „метла“

Деневер Нагетс, со МВП на НБА лигата Никола Јокиќ, добија метала од Финикс Санс. Екипата од Арзиона со 4-0 избори пласман во финалето на Западот. Четвртиот меч од серијата Финикс го добија со 125:118. Дуелот го обележа исклучувањето на Јокиќ.

Како и во претходните три меча и во четвртиот немаше дилема кој ќе победи. Финикс водеа и го диктираа ритамот од почетокот до крајот. Надежите на Денвер дека ќе можат да забележат победа паднаа во вода со исклучувањето на Јокиќ.

Српскиот центар, поради „силен фаул“ врз Камерон Пејн, беше исклучен во 28.минута. Јокиќ забележа 22 поени, 11 скокови и четири асистенции. Најефикасен кај Денвер беше Вил Бартон со 25 поени, Мајкл Портер јуниор постигна 20, Монте Морис 19 поени.

Финикс до победата го предводеше ветеранот Крис Пол, кој одигра неверојатна серија. Четвртиот меч го заврши со 37 поени и седум асистенции. Во чекор го следеше Девин Букер со 34 поени и 11 скокови.

Финикс, во финалето на Западот ќе играат против победникот од серијата помеѓу Јута Џез и ЛА Клиперс.

Scroll to Top