Top Sport

Јокиќ исклучен, пораз на Денвер Нагетс (Видео)

Денвер Нагетс забележаа пораз од Вашингтон Визардс (90:95), во натпревар во кој беше исклучен Никола Јокиќ, потенцијалниот репрезентативец на Србија.

Јокиќ, поради жестоки протести, доби исклучување на 3:47 минути до крајот на мечот, при резултат 88:88. Србинот бил незадоволен што судиите не му досудиле неспортска лична на противничкиот играч Боби Портис.

„Не смее вака да дивее! Не ме интересира што му прават противниците, какво било судењето и дали бил фаул или не. Тоа не е важно. Тој е премногу важен играч за нашиот тим и не смее ова да го прави. Втор пат добива исклучување. Не смее да си дозволи да се однесува вака. Се надевам дека ќе научи нешто од овие грешки“, рекол тренерот на Денвер, Мајк Мелоун.

Инаку, Јокиќ, бил најефикасен во својот тим со 23 поени, 14 скока и четири асистенции. Тој погодил 11 од 15 обид од поле.

Денвер Нагетс се втори на табелата на Западот со 51 победа и 25 порази, победа повеќе имаат Голден стејт Вориорс. На 3 април Нагетс ќе им гостуваат на Вориорс.

Scroll to Top