Top Sport

Јокиќ може и тренер да биде, им нацрта акција на соиграчите

Никола Јокиќ, го предводеше Денвер до убедливата победа над Милвоки 136:100. Актуелниот МВП, во последната четвртина не влезе во игра.

За 28 минути на теренот, остана на скок до нов трип-дабл. Натпреварот го заврши со 18 поени, девет скока и 15 асистенции. Јокиќ во јануари, на шест натпревари имаше трип-дабл.

И покрај тоа што не играше во последната четвртина, Јокиќ, со еден потег стана хит на социјалните мрежи. Во текот на еден тајм-аут, кој го држеше помошникот на Мајк Мелоун, Јокиќ му ја зеде таблата и им нацрта на соиграчите која акција треба да ја одиграат.

 

Scroll to Top