Top Sport

Јокиќ на баскет со пријателите (Видео)

Кошаркарот на Денвер Нагетс, член на најдобрата петорка во НБА лигата во сезоната 2018/2019, Никола Јокиќ, во својот роден град Сомбор се одмора од напорната сезона.

Неговите сограѓани, во саботата, имале можност да го видат „во живо“, како игра баскет со пријателите од детството.

Центарот на Денвер сезоната ја заврши со просек од 20,1 поени, 10,8 скока и 7,3 скока, додека во плеј-офот имаше 25 поени, 13 скока и 8,4 асистенции.

Јокиќ на голема радост на навивачите и селекторот на репрезентацијата, во петокот потврди дека ќе игра на Светското првенство во Кина.

Scroll to Top